Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп смета дека екипата денеска на „Кинг Пауер“ покажала добра игра иако неговиот тим загуби со 3-1. Германецот смета дека израмнувачкиот гол бил психички товар за неговите избраници.
„Беше ова натпревар кој моравме да го добиеме. Игравме многу добар фудбал. Постигнавме гол, можевме уште, а тогаш дојде голот за израмнување што имаше големо влијание, сето тоа мора да го промениме“ рече Клоп.
За вториот гол и грешката на Алисон и новиот играч Кабак рече:
„Мораме да се навикнеме еден на друг. Сепак ова е ситуација кога требаше да викаме, не е тоа така кул. Третиот гол не можам да го прифатам. Бевме премногу отворени“ рече германскиот стратег по третиот пораз во низа за својата екипа во ПЛ.