Покрај Мохамед Салах и Енди Робертсон, уште еден добро познат и важен играч на Ливерпул ќе го напушти клубот.
Станува збор за Ибрахима Конате, дефанзивец кој пристигна во 2021 година од Лајпциг и кој имаше понуда за продолжување на соработката, но истата ја одбил. Клубот и играчот не успеале да постигнат договор и Конате ќе го напушти тимот како слободен играч.
Во текот на својата кариера, овој француски репрезентативец играше за Сошо, Лајпциг и Ливерпул, а дефинитивно очекува голем трансфер во текот на летото, бидејќи неколку клубови се заинтересирани за неговите услуги.
Конате е еден од оние играчи кои се карактеризираат како виновници, за лошата сезона што ја имаше Ливерпул.
Со Ливерпул, Конате ја освои Премиер лигата, еден ФА Куп, два Лига Купа, Комјунити Шилд, а играше и во финалето на Лигата на шампионите.
Foto/ Depositphotos






