Тренерот на Интер, Антонио Конте вели дека чувствува дека неговиот тим сега има 95 отсто шанси да стигне до скудетото и да ја прекине низата од девет титули на Јувентус, по тешката 1:0 победа над Верона, обезбедена со голот на Матео Дармијан, кој Конте лудо го прослави.
„Топката сега е потешка, многу играчи не биле во ваква ситуација и несомнено тоа влијае на нив. Одигравме два добри меча против Наполи и Специја, но не соправме ниту сега. Не заборавајте дека другите губеа поени, а ние сме најпостојани. Можеби страдаме повеќе, но остануваме на ист пат. Мислам дека сега сме на 95 отсто до скудетото. Но, уште не сме го освоиле и мораме да продолжиме така“, вели Конте.
Интер дозволија само три удари на голот во последните три меча, предводени од тројката во одбраната Де Фрај, Бастони и Шкринијар и Конте вели дека гледа сличности со првата сезона во Јуве со Барѕаљи, Бонучи и Кјелини.
„Во првата година во Јуве работев со Барѕаљи, Бонучи и Кјелини, кои беа млади и немаа освоено ништо. Истото е со проектот тука. Ако победиме оваа сезона, тогаш ќе се зголеми и самодовербата. Работевме напорно последните две сезони, и знам дека сум тежок за некои луѓе, но најдовме луѓе кои можат да бидат победници“, додава Конте.
Antonio Conte sudah jadi Interista, Bravo Mister ?⚫? pic.twitter.com/zYn86PWRGd
— TIFOSI FC INTER (@TifosiFCInter) April 25, 2021