„Коронавирусот ја одложи примената на ВАР технологијата“

„Коронавирусот ја одложи примената на ВАР технологијата“

пред 4 години

По натпреварот Србија-Португалија, во кој судиите не го видоа голот на Кристијано Роналдо во 93.минута, се огласи УЕФА со објаснување зошто ВАР-системот не е во употреба, во квалификациите за пласман на Светското првенство.

УЕФА соопшти дека поради ситуацијата со коронавирусот, се откажале од примената на ВАР технологијата.

„Влијанието на коронавирусот врз оперативните и логистичките способности ФИФА побара УЕФА да ја одложи примената на ВАР технологијата во фазата по групи во Лига Европа во сезоната 2021/2022 и да се повлече предлогот ВАР да се користи во квалификациите за пласман на Светското првенство“, се наведува во соопштението.

УЕФА на овој начин им одговори на Португалците кои се жалеа по мечот Србија-Португалија (2:2). По ударот на Роналдо, топката ја мина гол-линија, судиите не го забележаа тој момент, а целата ситуација не можеше да оди на проверена, бидејќи не постои ВАР технологијата.

Share
Scroll to Top