Кој е поголем талент – Халанд или Белингам?

Кој е поголем талент – Халанд или Белингам?

пред 3 години

Борусија Дортмунд, според очекувањата, не успеа да го елиминира Манчестер сити од четврт-финалето на Лигата на шампионите, губејќи го реваншот со 1:2, меѓутоа, мечот уште еднаш покажа дека „милионерите“ знаат како да ги соберат најголемите фудбалски таленти, за кои подоцна добро ќе искешираат.

И тоа не се работи за Ерлинг Халанд, кој веќе стана суперѕвезда на 20 години и е на листата на желби на најголемите европски клубови, туку на еден 17-годишник од Англија – Џуд Белингам.

Иако во јуни ќе наполни 18 години, се работи за фудбалер кој има веќе 80 сениорски натпревари во две цели сезони со Бирмингем сити и Борусија Дортмунд, а во двомечот против Сити покажа дека не е тука само за да се „брои“. На првиот меч во Англија му беше поништен регуларен гол, а во Дортмунд, тој го најде патот во мрежата на Едерсон.

Белингам стана најмладиот фудбалер во историјата на Бирмингем и најмлад стрелец во август 2019 година, станувајќи клучен член во тимот под тренерот Пеп Клоте. Тој одигра 44 меча како 16-годишник, и Дортмунд плати 25 милиони евра, победувајќи ги Манчестер јунајтед за неговиот потпис.

Неговото влијание во Бундеслигата веднаш беше забележливо, а веќе во ноември 2020 го доби првиот повик во англиската репрезентација како трет најмлад репрезентативец во историјата по Тео Волкот и Вејн Руни.

„Тој го заслужи тоа. Во Дортмунд дава 110 отсто, неговите перформанси се од светска класа“, вели неговиот колега од Борусија и од репрезентацијата, Џејдон Санчо.

Против Сити, тој покажа дека може да се „носи“ со имиња како Кевин де Брујне во средината, но и дека е одличен и во одбраната и во нападот.

Графика: Sofascore за Топспорт.мк



Share
Scroll to Top