Куман: Немаме брзина, не сме добри еден на еден

Куман: Немаме брзина, не сме добри еден на еден

пред 3 години

Барселона успеа да извлече бод на „Ноу Камп“, против Гранада. Роналд Араухо, во 90.минута, го постигна голот за 1:1. Претходно Гранда водеше од 2.минута кога Домингез го совлада Тер Штеген.

Роналд Куман повторно има оправдување за играта на неговиот тим, особено за тактиката во последните 15 минути, кога Пике го внесе на теренот да игра како класичена деветка. Финишот, Барса го играше со нафрлувања пред голот на Гранада, на високите Де Јонг, Пике и Араухо.

„Што може да е направи со ваков состав? Да се игра тики-така кога никаде нема простор? Моравме да побараме алтернативен пат. Во овој момент ние немаме играчи кои се добри еден на еден, немаме брзина во тимот. Со ова што имаме го дадовме најдоброто, можевме дури и да победиме“, рекол Куман.

Оваа изјава сигурно нема да им се допадне на навивачите на Барселона, ниту на претседателот Џоан Лапорта. Според медиумите, само поради клаузулата за обесштетување Куман се уште е тренер на Барселона.

Доколку добие отказ, Барселона ќе мора на тренерот да му испалати шест милиони евра.

Share
Scroll to Top