Френк Лампард доби брутален отказ по само 18 месеци на чело на Челси, но во прво интервју по отказот, тој не сакаше да го критикува сопственикот Роман Абрамович и додаде дека периодот му бил „фантастичен“.
Легендата на клубот доби отказ во јануари додека Челси беше на деветтото место на пет поени од место кое води во ЛШ и беше заменет со Томас Тухел, кој имаше фантастичен старт и ги врати „сините“ на вистински пат.
На Лампард му пресуди низата од пет порази во осум меча, и првпат откако го купи клубот, Абрамович се јави со соопштение по отказот, опишувајќи го Лампард како легенда и човек со огромен интегритет.
„Пресреќен сум што добив шанса да бидам менаџер на Челси. Тоа беше неверојатно време за мене бидејќи сите знаат какви се моите чувства кон клубот. Навистина ми недостасуваа навивачите на трибините, а мислам дека така беше и со фудбалерите. Знам што значи нивната поддршка и одеднаш ја немавме“, вели Лампард.