Френк Лампард вели дека уживал во времето поминато со своето семејство, но сега е подготвен повторно да стане фудбалски тренер и чека вистинска шанса.
Легендата на Челси, Лампард беше отпуштен во јануари од својот клуб по една и пол година и на негово место дојде Томас Тухел, кој ги крена „сините“ до европската титула. Оттогаш, Лампард доби син и по сите обврски сака да се врати на работа.
„Уживав со семејството, иако не би кажал дека и претходно ги занемарив обврските, но овој спорт те обзема. Поминуваш многу време во патување, така што беше добро што бев дома со новиот син. Имаше некои понуди ова лето, кои не беа на вистинско место и затоа чекам вистинска шанса“, изјави Лампард.
Англичанецот беше именуван за менаџер на Дерби каунти во 2018 година, и го однесе клубот до плејоф за влез во Премиер лигата, по што веднаш доби понуда од Роман Абрамович да го замени Маурицио Сари во Челси.