ЛЕ: Наполи со „бомба“ победи во Баскија, Арсенал убедлив

ЛЕ: Наполи со „бомба“ победи во Баскија, Арсенал убедлив

пред 3 години

Наполи стигна до 1:0 победа на гостувањето кај Реал Сосиедад за прва победа во Лига Европа оваа сезона, но го загуби поради мускулна повреда својот капитен Лоренцо Инсиње, додека Арсенал немаше проблеми со ирскиот дерибант Дандалк стигнувајќи до 3:0 победа.

Матео Наполитано го реши мечот на „Аноета“ со фантастичен гол од огромна далечина во 56. минута, за Наполи да се оправда по домашниот пораз од Алкмар, кои со 4:1 вечерва ги совладаа Риека. Во составот на Џенаро Гатузо повторно немаше место за македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас.

Арсенал, пак, немаше проблеми и со 3:0 го декласираше ирскиот Дандалк, но Рома одигра само 0:0 со ЦСКА Софија на „Олимпико“, а најголемото изненадување го направија Славија Прага со 1:0 победата над Баер Леверкузен.

ЛИГА ЕВРОПА, 2.КОЛО

ГРУПА А

Рома – ЦСКА Софија 0:0

ЦФР Клуж – Јанг Бојс 1:1

ГРУПА Б

Арсенал – Дандалк 3:0

Молде – Рапид Виена 1:0

ГРУПА Ц

Ница – Хапоел Бер Шева 1:0

Славија Прага – Баер Леверкузен 1:0

ГРУПА Д

Бенфика – Стандард Лиеж 3:0

Ренџерс – Лех Познањ 1:0

ГРУПА Е

Гранада – ПАОК 0:0

Омонија – ПСВ Ајндховен 1:2

ГРУПА Ф

АЗ Алкмар – Риека 4:1

Реал Сосиедад – Наполи 0:1

АРСЕНАЛ – ДАНДАЛК

РЕНЏЕРС – ЛЕХ

Share
Scroll to Top