Кошаркарот на ЛА Лејкерс, Леброн Џејмс на социјалните мрежи се огласи во врска со повредите на НБА играчите.
Каваи Ленард ја заврши сезоната поради повреда на коленото, но во плеј-офот се повредија уште многу други играчи, меѓу нив Кајри Ирвинг, Џејмс Харден, Мајк Конли…
Голем број НБА играчи се повредија и во регуларниот дел од сезоната, се работеше за многу тешки повреди, таков е случајот со Џемал ареј.
Леброн вели дека им го кажал токму тоа, но не го слушале.
„Им зборев, не сакаа да ме слушаат, кога им зборев на стартот на сезоната. Знаев што ќе се случи. Само сакав да ги заштитам играчите. Повредите не се дел од оваа игра која ја играме. Ова е последица на сето тоа што немавме одмор. Осум или девет Ол-стар играчи не играат во плеј-оф поради повреда. Плеј-офот е нешто најдобро во оваа лига, но ние сега немаме некои играчи и тоа на навивачите им недостасува. Ако некој знае како е да се работи цела година, тоа сум јас, не сакам што вака излезе, мразам што толку многу играчи се повредени“ напиша Леброн Џејмс.
И самиот Џејмс сезонава пропушти повеќе од 20 натпревари поради повреда, а повреден беше и неговиот соиграч – Ентони Дејвис.