Луис Суарез: Им испратив мала фотографија на Куман и Бартомеу

Луис Суарез: Им испратив мала фотографија на Куман и Бартомеу

пред 3 години

Луис Суарез неколку дена е тема на спортската јавност во Шпанија. Уругваецот со 21 гол во Ла Лига го предводеше Атлетико Мадрид до 11.титула во клупската историја. Суарез се пресели на „Ванда Метрополитано“, откако беше избркан од Барселона во финишот на преодниот рок.

Луис Суарез разочаран и тажен замина од Барселона, а со солзи радосници ја заврши сезоната. Покажа дека се уште има што да понуди и дека Барселона направија голема грешка кога решија да се откажат од него.

Веднаш по заминувањето тој посочи дека тренерот Роналд Куман и тогашниот претседател Џозеп Марија Бартомеу, буквално го избркале од клубот.

Шпанските медиуми тврдат дека Суарез им испратил фотографии како му се радува на пехарот во Ла Лига.

„Куман ми кажа дека доколку до утре не ја напуштан Барселона, дека тој ќе смета на мене за дуелот со Виљареал. Јасно ми беше дека одлуката дека морам да ја напуштам Барселона дојде од врвот. Тогаш ми стана јасно дека Куман е човек без карактер. Прво ми кажа дека нема да смета на мене, а пота дека ќе бидам во тимот доколку останам во клубот. Ни Куман, ни Бартомеу, никој од поранешната управа на Барселона не ми ја честиташе титулата. Меѓутоа јас им испратив една мала фотографија“.

Share
Scroll to Top