„Мака ми е од пеналите кои се судат за Манчестер јунајтед против нас“

„Мака ми е од пеналите кои се судат за Манчестер јунајтед против нас“

пред 4 години

Менаџерот на Астон Вила, Дин Смит, го крна гласот по натпреварот со Манчестер јунајтед, во кој неговиот тим беше поразен со 1:3.

„Досадно е да зборувам за пеналите кои Манчестер јунајтед ги добива против нас. Пол Погба се сопна на „Олд Трафорд“, а и денес доби мек пенал. Даглас Луис воопшто не требаше да ја постави ногата, не требаше да му даде можност да падне. Дали контактот беше доволен за тој да падне? Не. Но тој падна, исто како на „Олд Трафорд“, како и овде минатата сезона. Збунети се сите, како може Рахим Стерлинг да издржи пет-шест контакти и кога падна, не доби пенал (против Челси). А овде, имавме еден контакт,пад и пенал. Сите се збунети“, рекол Смит.

Share
Scroll to Top