Марк Маркез нема да се враќа на патеката оваа сезона, потврди во вторникот неговиот тим Репсол Хонда.
Маркез се повреди на првата трка во сезоната, имаше две операции на десната рака, но не успеа да се рехабилитира.
Во консултација со тимот и докторите, Шпанецот, решил да не се трка оваа година. Репсол Хонда откри дека рехабилитацијата оди според планираното.
До крајот на сезоната на местото на Маркез ќе вози Штефан Брадал, потврди Хонда.
Од овој тим во соопштението наведоа се задоволни од она што Брадл и помладиот Маркез, Алкес, го покажале во тековната сезона.