Килијан Мбапе постигна хет-трик на дождот во Бретања, за Пари Сен-Жермен да стигне до рутинска 0:4 победа во 1/32 финалето на Купот на Франција против четвртолигашот Ван.
Преснел Кимпембе во 28. минута од мечот го постигна единствениот гол во првото полувреме, пред Мбапе во второто полувреме да ги отстрани сите надежи за сензација на домашниот тим, постигнувајќи хет-трик со голови во 59., 71. и 74. минута.