Мегваер „заби“ како капитен, Англичаните лесно ја совладаа Ирска

Мегваер „заби“ како капитен, Англичаните лесно ја совладаа Ирска

пред 4 години

Фудбалската репрезентација на Англија уште еднаш покажа дека е супериорна во однос на старите ривали Ирска, совладувајќи ги во пријателски натпревар на „Вембли“ со 3:0.

Хери Мегваер, овојпат во улога на капитен на селекцијата на Герет Саутгејт, го отвори резултатот во 18. минута со гол со глава, во сензационално враќање во Албионот откако во текот на летото беше исфрлен накратко од репрезентацијата по апсењето на одмор во Грција.

Ѕвездата на Борусија Дортмунд, Џејдон Санчо да зголеми на 2:0 во 31. минута. Конечните 3:0 беа дело на Доминик Калверт-Луин од пенал во 56. минута.

Во вториот денешен пријателски меч во Кардиф, Велс и САД одиграа реми без голови (0:0).

Share
Scroll to Top