Меси влезе во вториот дел, Барса го декалсира Бетис

пред 4 години

Барселона убедливо го победи Бетис со 5:2, во деветтото коло, во Ла Лига. Со оваа победа Каталонците ја прекинаа лошата серија во која се наоѓаа во домашното првенство. Барса немаше триумф на претходните три натпревари. Барса во мечот влезе без Лионел Меси. Аргентинецот остана на клупата поради полесна повреда. Демебел го отвори резултатот во 22 минута, а предноста на Барса можеше да ја дуплира Гризман, меѓуто тој не реалзираше пенал во 33 минута. До крајот на полувремето Санабрија ја реализираше одличната тимска акција во 43 минута израмни на 1:1. Вториот дел Барса го започна со Меси во составот. Капитенот го замени индиспонираниот Ансу Фати. Во 49 минута Меси со генијален потег му овозможи на Гризман да постигне гол. Бетис во 60 минта останаа со играч помалку, директен црвен картон доби Манди. Меси од пенал потоа реализираше за 3:1. Во 72 минута Лорен Морон го замени стрелецот на голто за Бетис Санабрија, а во наредната минута тој го намали резултатот на 3.2. До крајот на мечот Барселона постигна уште два гола, стрелци беа Меси во 86 и Педри во 90 минута. 

Share
Scroll to Top