Милер не му се лути на Лев за отсуството од репрезентацијата

Милер не му се лути на Лев за отсуството од репрезентацијата

пред 3 години

Томас Милер вели дека е пресреќен што се врати во германската репрезентација и посочи дека не му се лути на селекторот Јоаким Лев за „паузата“ која му ја даде од „маншафт“.

Лев јасно им посочи на Милер, Матс Хумелс и Џером Боатенг дека нема да ги вика во репрезентацијата во март 2019 година, во обид да се фокусира на новите германски таленти, но сега ги врати Милер и Хумелс за тимот за ЕУРО 2020.

„За мене лично, тоа беше удар, но ситуацијата тогаш не беше иста како во последните година и пол. Ја сфаќам одлуката на Јоги од спортски аспект и сфатив што сакаше да порача. Тоа сега е во минатото и работите се сменија. Имав време да се одморам за време на интернационалната пауза и тоа беше добро за моето тело, дух и за моето семејство. Но, секогаш е гордост да ја претставуваш Германија на големо натпреварување“, вели 31-годишниот Милер.

Share
Scroll to Top