Милинковиќ-Савиќ, на крајот, ќе остане во Лацио

Милинковиќ-Савиќ, на крајот, ќе остане во Лацио

пред 1 година

Последните неколку летни преодни рока, постојани беа шпекулациите и интересот околу ѕвездата на Лацио, Сергеј Милинковиќ-Савиќ, но сега тој најверојатно останува на „Олимпико“, тврдат италијанските медиуми.

Популарниот 28-годишен СМС во последните осум години со Лацио се промовираше во еден од најдобрите играчи од средниот ред во Серија А и беше поврзуван со трансфери во Арсенал, Јувентус, Пари Сен-Жермен и Манчестер јунајтед. Но, високата цена која ја поставуваше Лацио, како и желбата на Србинот да остане во Италија, го задржа во клубот.

Според „Кориере дело спорт“, тој е достапен за релативно ниски 30-40 милиони евра, но засега нема понуди – Интер на пример се реши да тргне до Давиде Фратези.

Share
Scroll to Top