Модриќ се повреди – загрижен е Анчелоти, но и Златко Далиќ!

Модриќ се повреди – загрижен е Анчелоти, но и Златко Далиќ!

пред 3 години

Шпанските медиуми пишуваат дека хрватскиот репрезентативец Лука Модриќ заработил повреда на вчерашниот тренинг на Реал Мадрид и сигурно нема да биде во составот на Карло Анчелоти за утрешното гостување на „Кралевите“ кај Леванте на нашиот Енис Барди.

Шпанска „Марка“ пишува дека се работи за повреда на препоните, но засега нема информација за тежината на повредата. Можно е, пишуваат, Модриќ да отсуствува неколку дена, но можно е да е потребна и пауза од две недели.

Освен во клупскиот дрес, Модриќ е под знак прашање и за настапите за Хрватска на кавлификациските мечеви за Мундијалот во Катар закажани на почетокот на следниот месец.

Хрватска игра против Русија, Словачка и Словенија – главните конкуренти во борбата за пласман на СП.
Во наредните денови ќе се знае сериозноста на повредата.

Share
Scroll to Top