Навивачите на Интер го уништија муралот на Лукаку

Навивачите на Интер го уништија муралот на Лукаку

пред 4 години

Навивачите на Интер тешко го поднесоа заминувањето на Ромелу Лукаку. Белгиецот со 24 гола, беше еден од најзаслужните за враќањето на титулата, по пауза од 11 години.

Незадоволни и разочарани, навивачите на интер, го уништиле муралот посветен на Лукаку, кој се наоѓа во близина на стадионот.

„Докажа дека си ист како и сите други, на колена одиш кон парите“, му порачале навивачите на Лукаку.

Ромелу Лукаку кариерата ќе ја продолжи во Челси. Интер од неговиот трансфер заработи 115 милиони евра.

Share