Јулијан Нагелсман е подготвен да го оствари својот сон – да го преземе кормилото на Баерн Минхен. Медиумите во Германија пишуваат дека во Лајпциг се свесни дека 33-годишниот тренер наскоро би можело да го напушти клубот и да се пресели во Минхен.
„Биковите“ ќе бараат од Баварците 10 милиони отштета затоа што договорот на Нагелсман со актуелниот клуб е до 2023 година.
Спортскиот директор на минхенскиот клуб, Хасан Салихамиџиќ многу го цени стратегот на Лајпциг и сите се уверени дека Нагелсман ќе го наследи Ханси Флик на клупата на германскиот и европски шампион.
Во последниот период Салихамиџиќ влегол во неколку шестоки расправии со Флик и нивните односи се далеку од идеални.
Нагелсман тренерската кариера ја започна на 28 години во Хофенхајм и така стана најмладиот тренер во историјата на Бундеслигата. Во Лајпциг е од 2019 година и минатата сезона „биковите“ ги донесе до полуфинале на ЛШ. Со Лајпциг славеше на 50 од 84 меча.
Неговата сопруга и децата живеат во Минхен, па тоа е уште една од причините клупата на Лајпциг да ја замени со онаа на Баерн.