Невозможни мисии за Атлетико и Лацио

Невозможни мисии за Атлетико и Лацио

пред 4 години

Вечерва по завршувањето на натпреварите во Лондон и Минхен ќе бидат познати сите учесници во четврт-финалето, во Лигата на шампионите. Реваншот со Лацио, за Баерн ќе биде чиста формалност, по победата во Рим од 4:1. Поголема неизвесност се очекува да донесе натпреварот на „Стенфорд“ Бриџ“, во кој Челси против Атлетико влегува со гол предност.

Томас Тухел, тимот кој ќе настапи против Атлетико, ќе го состави без Мејсон Маунт и Жоргињо, двајца влијателни играчи во средниот ред. Овие двајца се суспендирани за овој натпревар. Во тимот се очекува да биде Оливие Жиру, кој пред три недели, во Букурешт го постигна единствениот гол.

Тухел, досега на 12 натпревари забележал осум победи, а Челси во тој период примил само два гола.

Атлетико ќе бидат комплетни на „Стенфорд Бриџ“, со надеж дека ќе можат да го повторат резултатот од 2014 година, кога победија со 3:1.

За очекување е дека Диего Симеоне ќе ја смени формацијата. Атлетико оваа сезона најчесто игра 3-5-2, но Симеоне во Лондон ќе игра во својата омилена 4-4-2. Нападот ќе го предводат Жоао Феликс и Луис Суарез, а се чини дека единствената дилема е кој ќе биде четвртиот играч во средниот ред покрај Коке, Љоренте и Какарско, дли шанса ќе добие Саул или Лемар.

Во Минхен, актуелниот европски првак, ќе го пречека Лацио. Работите во овој дуел се јасни, Баерн има предност од 4:1. Ханси Флик, тренерот на Баерн, ќе одмори неколку играчи Нибел ќе брани наместо Ноер, ќе одмори и Коман, а можни се и некои рокади во одбраната.

Лацио, ќе се обидат чесно да се простат од Лигата на шампионите.

Share
Scroll to Top