Нов план на Ливерпул и Јунајтед: Европска Премиер лига за најголемите и најбогатите

Нов план на Ливерпул и Јунајтед: Европска Премиер лига за најголемите и најбогатите

пред 4 години

Само една недела откако не им успеа предлогот за „кратење“ на Премиер лигата на 18 тимови преку проектот „Биг пикчр“, англиските гиганти Ливерпул и Манчестер јунајтед имаат нов план – Европска Премиер лига вредна 6 милијарди долари, открива британскиот „Скај њуз“.

Со англискиот проект тие сакаа да имаат повеќе влијание и моќ во англискиот фудбал, додека со новиот проект, 18 клубови од Англија, Франција, Германија, Италија и Шпанија би формирале супер-силна лига веќе во 2022 година, проект кој е директна конкуренција на Лигата на шампионите на УЕФА, иако според „Скај“, дури и ФИФА е вклучена во проектот.

Гигантот од Вол Стрит „ЏП Морган“ ќе обезбеди 6 милијарди долари финансирање за старт на проектот, по што ќе ги собира парите од ТВ-договорите. Натпреварувањето со 18 клубови (од кои 5 од Англија) би оддржувало мечеви во текот на нормалната европска клупска сезона, по што би постоел и нокаут финиш за шампион, кој би заработувал стотина милиони долари.

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, кој долго време е поддржувач на формат на Супер лига на европската елита, е уште еден клучен човек во проектот, со низа шпански инвеститори, а двигатели на проектот се американските газди на Ливерпул (Џон Хенри) и Манчестер јунајтед (семејството Глејзер).

Ливерпул и Манчестер јунајтед бараат „кратење“ на Премиер лигата на 18 клуба

Share
Scroll to Top