Новата анимација покажува колку блиску бил Грожан до смртта во Бахреин

Новата анимација покажува колку блиску бил Грожан до смртта во Бахреин

пред 4 години

Околу „чудото во пустината“, неверојатното извлекување на жива глава на тогашниот возач на Хас Ф1, Роман Грожан на Бахреин ГП трката се пишуваше многу, но последната анимација на францускиот „Канал плус“ дава нова димензија на несреќата.

Во основа, Грожан има огромна среќа што е жив поради тоа што функционираа сите потребни безбедносни елементи на еден модерен формула 1 болид – од „хејло“ (ореол) системот кој го спаси од отсекување на главата, преку огноотпорниот костим кој спречи изгореници, до фантастично брзата реакција на возачот на медицинското возило.

Во документарниот филм на „Канал плус“ од половина час, покрај анимацијата се зборува со Грожан, неговата сопруга Марион Жолс, како и членови на тимот на Хас. Самиот Грожан вели дека Жил Бјанки, неговиот пријател и француски сонародник, кој го загуби животот во 2015 по последиците од несреќата на Јапонското ГП во 2014 по што се воведе „хејло“ системот за заштита на главата.

„Жил Бјанки ми го спаси животот поради воведувањето на ‘хејло’.  А јас бев против воведувањето на системот. Каков идиот бев. Жил ми го спаси животот мене и на многу возачи во иднина. Вечно ќе му бидам благодарен за тоа“, вели Грожан.

https://www.youtube.com/watch?v=ZQ7_En2xEm4

Share
Scroll to Top