Хофенхајм на 27 септември со 4:1 ги „уништи“ европските шампиони Баерн Минхен, по што следуваше низа од дури осум натпревари без победа во Бундеслигата, која конечно заврши денеска со 3:1 победата над Аугзбург.
Флоријан Грилич постигна два гола, Илас Бебу додаде уште еден за тимот на Себастијан Хенес, конечно, да освои три поени во Бундеслигата, иако имаа одлични резултати во Лига Европа и веќе се квалификуваа во нокаут фазата.
Со трите поени, Хофенхајм ги „прескокна“ Аугзбург на 10. место на табелата со 12 поени, колку што имаат и Аугзбург.