Пике јавно ја објави платата по обвинувањата дека профитира од Барса

Пике јавно ја објави платата по обвинувањата дека профитира од Барса

пред 3 години

Капитенот Жерард Пике луто реагираше на обвинувањата од каталонската „ТВ3“ дека профитира од Барселона и покрај тоа што формално се согласи на намалување на платата за да помогне на својот омилен тим.

Според „ТВ3“, Пике и другите ко-капитени на клубот, Жорди Алба и Серхио Бускетс добиваат огромни бонуси за лојалност на клубот, по што Пике на Твитер ја објави својата плата во Барселона, односно својата полугодишна плата од 2.328.884,39 евра (што значи дека годишно добива 4.65 милиони евра, далеку помалку од 23 милиони евра кои ги добиваше пред намалување на платата).

„Вакви луѓе ја користат телевизијата за да објавуваат дезинформации. Еве ја половината од мојата годишна плата за минатата година, која ја добив на 30 декември. Малку повеќе респект“, пишува Пике.

„ТВ3“ претходно објави дека и покрај намалувањата Бускетс добива 23 милиони евра, Алба и Самуел Умтити по 20 милиони евра, Кутињо 16 милиони евра, Тер Штеген 14 милиони евра, а Серхи Роберто 12 милиони евра.

Share
Scroll to Top