По поразот од Кербер Стивенс добила 2.000 навредливи пораки

По поразот од Кербер Стивенс добила 2.000 навредливи пораки

пред 3 години

Американската тенисерка Слуон Стивенс, пријавила дека по поразот од Анжелик Кербер, во третото коло на Ју-ес опен, добила голем број непријатни пораки. Стивенс рекла дека добија преку 2.000 вакви пораки.

Голем број од пораките биле расистички и сексистички.

„Тешко ми е и непријатно е чувството кога читам вакви пораки. Ќе оставам неколку од нив за да видите пто се случува кога ќе загубам меч“, напишала Американката на Инстаграм.

Дури и на оваа објава таа добила десетици навреди и закани.

Share
Scroll to Top