Поранешниот тренер на Ливерпул и Астон Вила, Жерар Улие, почина денес на 73 годишна возраст, објавија француските медиуми.
На Улие пред шест дена му била извршена операција на срцето.
Улие шест години минал на клупата на Ливерпул, во перидот од 1998 до 2004 година. Со „црвените“, во 2001 година ги освоил Купот н УЕФА, Суперкупот на Европа, ФА и Лига купот на Англија.
Жерар Улие во кариерата бил тренер и на Ленс, ПСЖ, Олимпик Лион, а една година ја предводел и француската репрезентација.