Почнува сослушувањето за смртта на Марадона

Почнува сослушувањето за смртта на Марадона

пред 3 години

Обвинителите во Сан Исидро, Аргентина, денеска го започнуваат сослушувањето на седумте медицински лица кои се обвинети за „убиство со намера“ околу смртта на фудбалската легенда Диего Марадона.

Сослушувањето требаше да почне на 31 мај, но беше одложено поради пандемијата на корона вирусот. Марадона почина на 25 ноември минатата година од срцев напад, две недели откако имаше операција на мозокот на 60 години. На 1 мај во извештајот на медицинскиот борд се утврди дека медицинскиот тим кој работел со Марадона пред неговата смрт се однесувал на „непримерен и невнимателен“ начин и дека тој не бил надгледуван 12 часа пред неговата смрт.

Прва пред обвинителите ќе се појави медицинскиот помошник, 38-годишниот Рикардо Омар Алмирон, кој бил одговорен за ноќните смени за Марадона и е еден од луѓето кои последни го виделе Марадона жив. Тој е обвинет дека не му помогнал во последните денови.

Покрај него, обвинет е и неврохирургот  Леополдо Луке, кој ја изврши операцијата на мозокот, како и психијатарот Агустина Козахов, која била одговорна за поранешниот фудбалер. Обвинети се уште двајца медицински помошници, уште еден доктор и еден психолог.

Семејството на Марадона подолго време бара „правда“ и тврди дека Луке е најодговорниот за неговата смрт. Сослушувањата ќе траат до 28 јули, по што судија ќе утврди дали ќе се оди на судење, а доколку се обвинети им се заканува затворска казна од 8 до 25 години затвор.

Share
Scroll to Top