Премиер лигата ќе продолжи да се бори против расизмот со клечење пред мечевите

Премиер лигата ќе продолжи да се бори против расизмот со клечење пред мечевите

пред 3 години

Фудбалерите во Премиер лигата и 20-те клубови се согласиле да продолжат со клечењето пред мечевите од новата сезона и покрај дел од свирежите кои се слушнаа за време на мечевите на англиската репрезентација на ЕУРО 2020.

Како дел од кампањата против расизмот, клечењето стана практика во Премиер лигата по убиството на Џорџ Флојд од страна на бел полицаец во САД, и фудбалерите сметаат дека се праќа јасна порака со тој гест.

„Чувствуваме дека сега, повеќе од било кога, е важно да продолжиме со клечењето како симбол на обединетоста против сите форми на расизам. Остануваме посветени на целта да се искоренат расните прерасуди во глобалното општество кое треба да нуди вклученост, почитување и еднакви можности за сите“, се вели во соопштението на фудбалерите.

 

Share
Scroll to Top