Проблем помалку за Македонија – Ван Дајк ќе го пропушти ЕУРО 2020

Проблем помалку за Македонија – Ван Дајк ќе го пропушти ЕУРО 2020

пред 3 години

Фудбалерот на Ливерпул, Вирџил Ван Дајк, потврди дека нема да биде дел од репрезентацијата на Холандија на ЕУРО 2020. Холандија на континеnталниот шампионат е еден од противниците на Македонија во Ц-групата.

Ван Дајк, ги повреди лигаментите во десното колено, на натпреварот со Евертон, во октомври минатата година. Во соопштението што го објави, тој наведува дека жали што нема да игра за Холандија.

„Во оваа последна фаза од рехабилитацијата морав да се соочам со одлуката дали ќе играм на ЕУРО 2020 или не? Чувствувам дека поради мојата физичка подготвеност, вистинска одлука е да не одам на ЕП и да ја започнам последната фаза од рехабилитацијата. Ќе се насочам на претсезоната со клубот, тоа е реална цел“, рекол Ван Дајк.

„Жал ми е што ќе го пропуштан ЕУРО 2020 и што нема таму да ја предводам мојата репрезентација. Но така стојат работите, тоа е реалноста, морав да го прифатам тоа. Кога ќе се погледне целата слика, одлуката да не одам на ЕП е правилна“.

Покрај со Македонија, Холандија во Ц-групата ќе игра против Украина и Австрија.

Ван Дајк, за Холандија досега има одиграно 38 натпревари, на кои постигнал четири гола.

Share
Scroll to Top