Протести пред арената на Бруклин: Пуштете го Кајри да игра

Протести пред арената на Бруклин: Пуштете го Кајри да игра

пред 3 години

Бруклин Нетс, го запишаа вториот пораз во третиот натпревар од почетокот на сезоната. На премиерата пред домашните фанови, Нетс, загубија од Шарлот Хорнетс 95:111.

Кевн Дурент не можеше да го спречи поразот на својот тим. Дурент постигна 38 поени, двоцифрен беше и Џејмс Харден (15 поени).

Неколку часа пред почетокот на натпреварот, пред арената започна протест на навивачите кои побараа од клупските челници да го врата во тимот Кајр Ирвинг.

Бруклин Нетс го исфрлија од тимот Ирвинг, кој одбива да се вакцинира.

Протестантите ги пробиле барикадите и се обиделе да влезат во арената.

„Пуштете го Кајри да игра“, извикувале протестантите.

Поради епидемиолошките мерки кои ги донесоа во државата Њујорк, невакцинираниот Ирвинг, нема да може да ги игра натпреварите на домашен терен. Челниците на Бруклин решија Ирвинг да не биде со тимот додека не се вакцинира.

Share
Scroll to Top