ПСЖ го одбиле единствениот услов што им го поставил Мбапе

ПСЖ го одбиле единствениот услов што им го поставил Мбапе

пред 3 години

Сезона полна со неизвесност е пред Килијан Мбапе. Младиот напаѓач ги одби сите понуди на ПСЖ да го продолжи договорот. Не крие дека сака да се пресели во Реал Мадрид.

Мбапе може да го напушти Париз како слободен играч, што значи дека ќе мора да остане и оваа сезона во клубот, или пак да го продолжи договорот, во кој ќе има клаузула за раскин на договорот.

Во овој момент извесно е дека Мбапе ќе остане во Реал оваа сезона, а потоа како слободен играч може да се пресели во Мадрид.

Француските медиуми, пишуваат дека Мбапе се согласил да потпише нов договор со ПСЖ, но со еден услов, кој бил веднаш одбиен.

Мбапе барал во новиот договор да постои клаузла, според која за одредена сума тој може да замине во Реал.

Медиумите тврдат дека ПСЖ се подготвени да му приредат вистински пекол на Мбапе. Според некои извори, доколку не го продолжи договорот, тој ќе биде во клубот, но нема да игра, туку целата сезона ќе ја мине на трибините.

Share
Scroll to Top