Доаѓањето на Меси и претходно реализираните трансфери на Серхио Рамос, Жорижињо Вајналдум, Ашраф Хакими и Џиџи Донарума, го ставија ПСЖ во пол-позиција за освојување на титулата во Лигата на шампионите.
Легендарниот бразилски напаѓач Роналдо, смета дека врвните имиња во тимот не се гаранција дека клубот ќе ја освои најпосакуваната титула во клупскиот фудбал.
„Рано е да се зборува за тоа. Работите најдобро се гледаат од четврт-финалето. ПСЖ ја има најдобрата стартна позиција, но едно е да зборувате за тоа, а нешто друго е она што ќе се случува на теренот“, рекол Роналдо.
„Јас во Реал бев пет сезони, бевме Галактикос, тим составен од ѕвезди и никогаш не ја освоивме Лигата на шампиони. Фудбалот не е математика, нема гаранции дека најдобриот тим ќе ја освои титулата“, заклучил легендарниот Бразилец.