Ракетата на Ембид во последна секунда влезе – па излезе од обрачот!

Ракетата на Ембид во последна секунда влезе – па излезе од обрачот!

пред 3 години

НБА тимот Филаделфија синоќа во дербито беше поразена од Феникс Санс, со 116-113. Можеше да биде и поинаку, иако Санси самите се доведоа во ситуација последниот шут да решава.

Крис Пол го погоди само првото од двете слободни фрлања и на 0.8 секунди до крајот Џоел Ембид се обиде од кош да кош да се избори за продолженија.

Центарот на 76-ките ја фати топката и силно го фрли баскетот кон противничкиот кош, топката имаше совршено движење, удри во таблата, па двапати во обрачот, но не влезе во него.

Ембид беше најдобар поединец на мечот со 38 поени и 17 скока, но погледнете колку само немаше среќа во последниот обид:

Share
Scroll to Top