Лукаку им објасни на навивачите на Интер зошто не можел да го одбие Челси

Лукаку им објасни на навивачите на Интер зошто не можел да го одбие Челси

пред 3 години

Ромелу Лукаку им се заблагодари на навивачите на Интер и во исто време се обиде да им објасни зошто не можел да ја одбие понудата од 115 милиони евра од неговиот поранешен клуб, Челси.

Лукаку дојде од Манчестер јунајтед за 74 милиони фунти во 2019 година, по што ја врати својата репутација на еден од најдобрите европски напаѓачи со „нераѕурите“, освојувајќи ја титулата од Серија А по 11 години пауза. Но, тој реши да не го исполни својот договор до 2024 по богатата понуда од Челси, каде што играше од 2011 до 2014 година.

„Драги фанови на Интер, ви благодарам. Ви благодарам што ме сакавте како еден од вашите. Ви благодарам што направивте јас и моето семејство се чувствувавме како дома во Милано. Ви благодарам за безрезервната поддршка која ја добивав секојдневно, што ме мотивиравте уште повеќе по првата сезона. Кога дојдов во Интер, веднаш знаев дека можам да помогнам на клубот. Пречекот на аеродромот Малпенса беше само почеток на прекрасната приказна и ветив дека никогаш нема да ве разочарам кога го носам дресот на Интер. дадов 100 отсто на секој тренинг, на секој натпревар за да ве направам горди. Првата сезона беше најтешка, но вие ми дадовте сила да продолжиме и затоа станавме шампиони заедно. Се надевам дека ќе ја разберете мојата одлука да отидам во Челси. Тоа е шанса која се добива еднаш во животот за мене и во ова време од мојата кариера нешто за што сонував. Секогаш ќе останам интериста, бидејќи без вас немаше да бидам човекот и фудбалерот кој сум. Ви благодарам од дното на срцето. Ромелу“, напиша Белгиецот.

Share
Scroll to Top