Реал прави сè за да го избрка Алаба

Реал прави сè за да го избрка Алаба

пред 2 дена

Давид Алаба (33) од лидер на одбраната на Реал Мадрид се претвори во петта опција на позицијата стопер и растечки проблем за клубот од Мадрид за само 18 месеци.

Австрискиот дефанзивец како слободен играч, пристигна во летото 2021 година од Баерн за да го замени Серхио Рамос и веднаш се претвори во клучен човек во системот на Карло Анчелоти кој ги освои и Ла Лига и Лигата на шампионите. Потоа започнаа проблемите на Алаба со повредите.

Реал сака да се ослободи од него, но како што пишува „Ас“, Алаба не сака да си замине.

Иако пред него во хиерархијата има четири стопери (Хујсен, Милитао, Ридигер и Асенсио) и иако Чаби Алонсо редовно го користи на тренинзите Жоан Мартинез од младинскиот тим, Алаба сака да остане.

И има свои причини за тоа.

Освен што верува дека сè уште може да се врати во форма, тој има и трет најголем договор во тимот, 22,5 милиони евра бруто. Бидејќи влезе во последната година од договорот тој нема намера да се откаже од тие пари.

На 33-годишна возраст, клубот му понуди исплата на дел од договорот и спогодбен раскин, но Австриецот го одбил предлогот.

Алаба сака Реал да му ја исплати целата плата, која му следува според договорот и околу тоа нема да преговара.

Само Килијан Мбапе (32 милиони) и Винисиус Жуниор (30 милиони) заработуваат повеќе од него. Неговиот договор важи до 30 јуни 2026 година.

Foto/ EPA

Share
Scroll to Top