Џенаро Гатузо, со Наполи, во неделата, го победи Милан со 1:0 и го оддалечи својот поранешен тим од борбата за шампионската титула.
Дербито на „Сан Сиро“, го реши поранешниот играч на Интер, Матео Политано, на почетокот на второто полувреме.
Милан во 92.минута остана со играч помалку, црвен картон доби Анте Ребиќ. Италијанските медиуми пишуваат дека Ребиќ се соочува со долга суспензија. Хрватот бил исклучен бидејќи го пцуел судијата Фабрицио Пасква.
Лут што не добил слободен удар, Ребиќ му дофрлил на судијата: „Ја видов мајка ти, таа е ку..а во Неапол“.
Вообичаено за директен црвен картон следуваат два натпревари суспензија, но веројатно е дека Ребиќ ќе биде дополнително казнет.