Регилон: Не разговарав со Зидан и тоа не ме изненадува

Регилон: Не разговарав со Зидан и тоа не ме изненадува

пред 4 години

Левиот бек на Тотенхем, Серхио Регилон, во интервју за „АС“, проговорил и за односот што го има со својот клуб Реал Мадрид и тренерот Зинедин Зидан. Во преодниот рок Реал за 30 милиони евра им го продадоа Регилон на Тотенхем.

Неподелени се мислењата, особено во Шпанија, дека Зидан прелесно се откажал од услугите на Регилон. Левиот бек одигра одлично во Севилја, каде ја мина сезоната 2019/2020, а пота замина во Тотенхем.

Тој веќе сега е еден од најдобрите играчи на својата позиција во Премиер лигата, а за местото во шпанската репрезентација се бори со Хосе Гаја од Валенсија.

„Дали разговарав со Зидан пред трансферот во Тотенхем? Не. Дали тоа ме повреди или изненади: Не, воопшто…“, рекол Регилон, кој не ја исклучува можноста еден ден да се врати во Реал.

„Реал ми даде се, тој клуб секогаш ќе биде мојот дом. Дали ќе се вратам…е тоа веќе не зависи од мене. Фокусиран сум на моите игри“.

Регилон дополнил дека Реал има одличен систем на работа со младите фудбалери, но дека на играчите од клупската академија тешко се пробиваат до првиот тим.

Share
Scroll to Top