Рома постави ултиматум за Абрахам, лично Мурињо го убедувал да дојде во Италија

Рома постави ултиматум за Абрахам, лично Мурињо го убедувал да дојде во Италија

пред 3 години

Во Рома ги губат нервите во преговорите со Челси и со Теми Абрахам и сакаат итен одговор дали ќе дојде до трансфер или да бараат нова алтернатива за напаѓач, откако Англичанецот преферира да се пресели во Челси.

Спортскиот директор на Рома, Тијаго Пинто, останува и утре во Лондон, но очекува конечен одговор до сабота навечер, пред да се обидат да најдат друго решение. Рома веќе се согласи за договор од 40 милиони евра со Челси, кои ќе бидат платени во неколку рати, но уште го немаат убедено Абрахам.

Според италијанските медиуми, лично Жозе Мурињо му се јавил на 23-годишниот напаѓач да го убедува дека Серија А е вистински избор за него. Единствен проблем е што Абрахам, како и целото негово семејство се навивачи на Арсенал, а исто така и италијанскиот јазик би претставувал пречка.

Share
Scroll to Top