Рубљов направи двојна сервис-грешка на меч поен – на крајот загуби од Циципас

Рубљов направи двојна сервис-грешка на меч поен – на крајот загуби од Циципас

пред 5 години

Стефанос Циципас и Андреј Рубљов одиграа фантастичен меч во вечерниот термин на АТП финалето во Лондон, за на крај Гркот да победи по драматични три сета со 6:1/4:6/7:6(6) и да обезбеди „пресметка“ со Рафаел Надал за пласман во полуфиналето на турнирот.

Русинот Рубљов имаше шанса за победа кога имаше меч-поен, но направи двојна сервис-грешка за да му дозволи на актуелниот шампион да се врати и да стигне до победа. Со овој резултат, Доминик Тим веќе е во полуфиналето по неговата победа над Надал во првиот меч, додека Циципас оди директно на шампионот од Ролан Гарос во четврток за второто место од групата „Лондон 2020“.

Share
Scroll to Top