Рубљов против Цицпас во финалето во Монте Карло

Рубљов против Цицпас во финалето во Монте Карло

пред 3 години

Андреј Рубљов и Стефанос Циципас ќе се борат за трофејот на Мастерс турнирот во Монте Карло.

Циципас, во првото полу-финале, го декласираше Даниел Еванс со 6/2, 6/1. Британецот, кој играше исцрпувачки мечеви против Новак Ѓоковиќ и Давид Гифан немаше сила да му се спротивстави на Циципас.

Во второто полу-финале, Рубљов, кој вчера го победи Рафаел Надал, во двата сета праше пресврт против Каспер Руд. Рускиот тенисер славеше со 6/3, 7/5.

Раритет на овој мел е што беа искористени сите топки за брејк. Рубљов имаше реализиција 5/5, а Руд 3/3.

Финалето се игра во недела од 14.30 часот.

Share
Scroll to Top