САД на ОИ Токио со 613 спортисти – најстариот 57, најмладата 15 години

САД на ОИ Токио со 613 спортисти – најстариот 57, најмладата 15 години

пред 3 години

САД на Олимписките игри во Токио ќе се претстават со вкупно 613 спортисти. Американците само во Атланта 1996 имаа повеќе – 648.

Во Јапонија ќе настапат 329 спортистки и 284 спортисти во 44 дисциплини.

Најстариот олимпиец е 57-годишниот јавач Филип Дајтон за кого ова ќе е седма олимпијада. Интересно Дајтон до 2006 година настапување за Австралија и освои две олимписки злата, во 1996 и во 2000 година. Во Рио во 2016-та стигна до бронзата, овојпат под американското знаме.

Најмладата спортистка која ќе ја претставува моќната земја на ОИ во Токио е 15-годишната пливачка Кејти Гримс.

САД на последната Олимпијада во Рио де Жанеиро освоија најмногу медали – 46 злата, 37 сребра и 38 бронзи.

Share
Scroll to Top