Седум гола на „Олимпико“ – Лацио изддржа за победа над Џенова

Седум гола на „Олимпико“ – Лацио изддржа за победа над Џенова

пред 4 години

Лацио остана во трка за топ 4 пласман и место во Лигата на шампиони, откако во трилер-меч на „Олимпико“ изддржа за 4:3 победа над Џенова, за која против својот поранешен тим паузираше Горан Пандев поради жолти картони.

Победата на Лацио изгледаше сигурно по 2:0 водството во првото полувреме со головите на Хоакин Кореа (30. минута) и на Чиро Имобиле (од пенал во 43. минута), но Џенова намали на гол разлика со автоголот на Марушиќ во 47. минута.

Лацио веднаш врати предност од два гола преку Луис Алберто само една минута подоцна, за Кореа да го постигне вториот гол во 56. минута. Џенова не се предаде – Џанлука Скамака во 80. минута од пенал намали на 4:2, за само минута подоцна Еидор Шомуродов да ги постави конечните 4:3.

Лацио се на шестото место на табелата со 64 поени, само два помалку од петтопласираниот Јувентус и четвртопласираниот Наполи на само пет кола до крајот на сезоната.

Share
Scroll to Top