Сензација во Токио – Турција елиминирана од Јужна Кореја

Сензација во Токио – Турција елиминирана од Јужна Кореја

пред 3 години

Одбојкарките на Јужна Кореја направија една од поголемите сензации на Олимписките игри во Токио. Корејките, во четврт-финалето ја елиминираа Турција.

Кореја дуелот со европските вице-шампионки го добија со 3:2 (17:25, 25:17, 28:26, 18:25, 15:13).

Јеон Кунг Ким со 28 поени ја предводеше Јужна Кореја до големата победа.

Корејките во полу-финалето ќе играат против победникот од натпреварот помеѓу Бразил и Русија.

Пласман во полу-финалето, претходно изборија Американките, кои со 3:0 ја декласираа Доминиканската република.

Победникот од дуелот Србија-Италија ќе игра против САД во полу-финалето.

Share
Scroll to Top