Сестрата на Куртоа му се извини на повредениот Спинацола

Сестрата на Куртоа му се извини на повредениот Спинацола

пред 3 години

Валери Куртоа, сестрата на белгискиот голман Тибо Куртоа, му се извини на Леонардо Спинацола, откако го обвини италијанскиот репрезентативец за намерно трошење на време во мечот помеѓу Италија и Белгија во четврт-финалето на ЕУРО 2020.

Спинацола ја скина ахиловата петица за време на мечот на „Алијанц арената“ во Минхен, и беше во солзи, кога Валери Куртоа, инаку професионална одбојкарка, напиша: „Ова се триковите во фудбалот“.

Откако стана јасно дека се работи а сериозна повреда, таа се извини.

„Жал ми е што првенството за Спинацола завршува вака. Се извинувам за мојата реакција во тој момент и му посакувам брзо опоравување“, напиша Валери Куртоа.

Спинацола денеска ќе оди на операција во Финска и се очекува да биде во аут најмалку шест месеци.

Share
Scroll to Top