Фудбалерите на Кротоне, на неверојатен начин, остана без победата на гостувањето во Специја. Во рамките на 30.коло, во Серија А, Специја забележа победа од 3:2.
Последно пласираниот тим во Серија А, Кротоне, во 90.минута влезе со предност од 1:2, а на крајот не успеа да освои ниту еден бод.
Џиџи го постигна првиот гол на мечот во 40.минута. Специја израмни преку Верде, а нова предност на Кротоне во донесе Сими во 78.минута.
Специја во 90.минута израмни преку Маџоре, а две минути подоцна Ерлиќ го комплетираше неверојатниот преврт.
Специја со овој триумф се оддалечи на десет бода од опсната зона, додека Кротоне тоне кон Серија Б.