Србија и Хрватска нема да носат капитенска лента со боите на виножитото на Мундијалот

Србија и Хрватска нема да носат капитенска лента со боите на виножитото на Мундијалот

пред 2 години

Капитените на фудбалските репрезентации на Србија и Хрватска, нема да ја носат капитенската лента со боите на виножитото на Мундијалот во Катар, како дел од „One Love“ (Една љубов) на Светската фудбалска федерација (ФИФА).

Франција, Германија, Холандија, Швајцарија, Англија, Велс, Белгија и Данска ќе ја поддржат кампањата на ФИФА, која е под притисок за правата на ЛГБТ популацијата во земјата домаќин, Катар. „One Love“ кампањата е почната во Холандија како порака за против било каква дискриминација во светот на фудбалот.

„Почестен сум да се приклучам на капитените со поддршка на кампањата ‘One Love’. Како капитени, ќе се натпреваруваме еден против друг на СП, но стоиме заедно против сите форми на дискриминација. Со лентата ќе пратиме јасна порака кога светот ќе гледа“, изјави Хери Кејн, капитенот на англиската репрезентација.

Роберт Левандовски, како капитен на Полска, нема да биде дел од кампањата, откако од легендарниот Андриј Шевченко доби лента во боите на украинското знаме кое ќе го носи во Катар.

Србија, Хрватска, Португалија и Шпанија решија да не се дел од оваа кампања.

Share
Scroll to Top