Столе Димитриевски со „сува мрежа“, Рајо гледа и кон ЛШ

Столе Димитриевски со „сува мрежа“, Рајо гледа и кон ЛШ

пред 2 години

Рајо Валјекано оствари значаен триумф (2:0) против Алмерија на домашен терен и ја продолжува трката за пласман во Лигата на шампионите. Сега тимот на Столе Димитриевски има 32 бода, само три помалку од четвртопласираниот Атлетико Мадрид, кој е на позиција која води во ЛШ.

Македонскиот репрезентативен голман беше одличен, сигурно ја чуваше мрежата и не дозволи да биде совладан.

Рајо поведе со автоголот на Родриго Ели во 54.минута, а Алваро Гарсија девет минути подоцна го реши победникот.

Share
Scroll to Top