Суарез со гол број 500, Атлетико со нова победа!

Суарез со гол број 500, Атлетико со нова победа!

пред 4 години

Луис Суарез го постигна својот 19-ти гол оваа сезона во Ла лига, и вкупно 500. гол во својата фантастична кариера, за Атлетико Мадрид да стигне до 1:0 победа над Алавес и да се врати на шест поени пред Реал Мадрид на врвот на табелата.

Суарез стрелаше во 54. минута по асистенција на Киеран Трипиер за да донесе драгоцени три поени за Атлетико во борбата за шпанската титула. Алавес имаа совршена шанса да израмнат во 86. минута кога беше досуден пенал, но обидот на Хозелу заврши само во рацета на фантастичниот Јан Облак!

Ова беше 19-ти гол на Суарез за Атлетико, а покрај тоа има постигнато и 198 гола за Барселона, 111 за Ајакс, 82 за Ливерпул, 15 за Гронинген, 12 за Насионал од Уругвај и 63 за уругвајската репрезентација.

Атлетико сега има 66 поени на врвот во Ла лига, пред Реал Мадрид со 60 и Барселона со 59 (иако Каталонците имаат натпревар помалку).

ЛА ЛИГА, 28.КОЛО

Атлетико Мадрид – Алавес 1:0

Хетафе – Елче 1:1

Валенсија – Гранада 2:1

Вилјареал – Кадиз 2:1

Share
Scroll to Top